Хрватската тенисерка Дона Векиќ е вистинско изненадување на женскиот дел од турнирот во Париз. Векиќ во полуфиналето славеше над Ана Каролина Шмидлова од Словачка со 2:0 во сетови.
Фантастична беше Векиќ и за само нешто повеќе од еден час го доби полуфиналето и тоа убедливо со 6:4, 6:0. Со оваа победа Векиќ веќе обезбеди медал за Хрватска, најмалку сребрен.
Во финалето, Векиќ ќе игра против Квинвен Женг од Кина која направи изненадување и со 6:2, 7:5 ја елиминираше првата фаворитка Ига Швјонтек.