Никој не зборува за него – Лајпциг има гол-машина која е подобра од сите ѕвезди сезонава

Лајпциг игра под очекувањата во оваа сезона и веќе е надвор од трката за титулата во Бундеслигата, додека ги заврши и своите настапи во Лигата на шампионите.

Но, амбициозниот проекг на Ред Бул нема да запре тука бидејќи ќе се бори за првата голема титула во својата историја откако се пласира во полуфиналето во Купот на Германија.

Иако тимот игра лошо, напаѓачот Кристофер Нкуку се истакнува со своите настапи и сезонава има 25 голови на 36 одиграни натпревари и се наоѓа пред голем број фудбалери за кои многу се зборува.

Дваесет и четиригодишниот напаѓач сезонава е подобар од Душан Влаховиќ, кој има 24 гола, Килијан Мбапе (24), Ерлинг Халанд (23) и Лео Меси и Кристијано Роналдо кои што заедно сезонава имаат искомбинирано 22 погодоци.

Несомнено е дека напаѓачот ќе биде баран од голем број тимови по крајот на оваа сезона, а Лајпциг ќе инкасира убава сума пари.

- Оглас -

Најнови вести