Никој нема европска авантура како Шкупи, во иста сезона игра квалификации во сите можни купови

Македонскиот шампион Шкупи е уникат во нашиот фудбал и раритет во Европа и прв кај нас што во иста сезона ќе игра квалификациски натпревари за три различни европски лиги, односно ќе учествува во сите можни купови на УЕФА.

Чаирчани го очекуваат ривалот за завршната квалификациска фаза за Конференциската лига на УЕФА и ќе играат против Балкани од Косово, или со Ки Клаксвик од Фарски Острови, и тоа двомеч за настап во најслабото и најново европско натпреварување.

А, почнаа во квалификациите за Лигата на шампионите, и тоа успешно, па со вкупен резултат 3:2 го елиминираа Линколн Ред Импс од Гибралтар, но потоа испаднаа од Динамо Загреб со вкупен резултат од 2:3.

Тоа значеше преселба во квалификациите за Лигата на Европа, но и таму брзо беа елиминирани.

Ирскиот рекордер Шемрок роверс двапати го победи Шкупи, со 3:1 дома и со 2:1 на гости и ги префрли чаирчани на трет колосек, во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Тоа досега не му се случило на ниту еден наш тим, а е реткост воопшто за сите клубови на Стариот Континент да настапат во ист циклус во квалификации за сите три европски купови.

 

- Оглас -

Најнови вести