Аргентинскиот гигант Бока јуниорс, објави дека ќе се пријави за влез во Гинисовата книга на рекорди, како клуб со најголема навивачка база во светот која плаќа членарина.
Пред неколку дена, Бока го регистрираше својот 300.000-ти член. Членската карта со број 300 илјади ја има една девојка која се вика Флоренсија.
Клубот кој постои 117 години, во клупските витрини има 72 трофеи, и важи за еден од најпопуларните во светот. Бока има симпатизери низ цел свет, а бројката од 300.000 фанови кои плаќаат членарина, е светски рекорд и ја нема никој друг.