Никој никогаш немал старт во ЛШ како Халанд

Ерлинг Халанд е играчот кој ги одбележува првите четири кола во Лигата на шампионите. Норвешкиот тинејџер уште еднаш потврди дека е играчот за кој допрва ќе се слуша. Халанд го даде единствениот гол за Салцбург во ремито на гости кај Наполи (1:1) и постави нови граници во историјата на ЛШ.

Халанд е само четвртиот играч кој успеал да постигне барем еден гол во првите четири меча во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходно тоа им успеало на Зе Карлос од Порто во 1992 година, Алесандро дел Пјеро во Јувентус во 1995 и на Диего Коста во Атлетико Мадрид во 2013 година.

Сега Халанд е четвртиот играч што дава барем по еден гол во првите четири меча од групната фаза, но е прв кој успеал да стигне до седум голови за толку краток период. Колку за споредба, Лионел Меси на седмиот гол во ЛШ се има израдувано на 18-тиот меч, додека Кристијано Роналдо седмиот погодок во ЛШ го постигнал дури во 33-тиот натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести