Традицијата и успесите со пари не се купуваат. Тоа вечерва го почувствува финансиски моќниот Пари Сен Жермен во дуелот со Манчестер јунајтед. Најтрофејниот англиски клуб, кој трипати бил и европски првак, вечерва испиша историја во Лигата на шампионите.
Манчестер јунајтед стана првиот клуб во историјата на ЛШ кој успеал да помине во следната фаза од елитната лига на УЕФА, а претходно на свој терен загубил со два разлика. ПСЖ имаше предност од 2-0 по мечот одигран на „Олд Трафорд“, но на свој терен вечерва доживеа кошмар. Англискиот гигант победи со 3:1, а голот вреден четвртфинале го даде Рашфорд од пенал во 93-тата минута.