Кристијано Роналдо веќе две и пол години е дел од Ал-Наср и настапува во првенството на Саудиска Арабија откако еден и пол месец беше без клуб по разделбата со Манчестер јунајтед.
Вистинска сензација беше трансферот на Португалецот на Блискиот Исток, но неговите планови воопшто не биле такви. Германскиот „Билд“ пишува дека неговиот менаџер, Жорж Мендеш, долго се обидувал да му најде клуб во Европа.
Португалецот му бил понуден на Баерн Минхен, но Баварците веднаш одбиле поради неговите години, но и високата плата. Едноставно одговорот бил дека „нема шанси да платат толку пари за фудбалер на таа возраст“.
Потоа следувала понуда и за Борусија Дортмунд, но и од таму следувал истиот одговор, дека не може да платат толку пари за возрасен фудбалер.