Никој во Серија А не е поподготвен од Елмас – знаете ли колку истрча македонскиот репрезентативец?

Елиф Елмас го одигра целиот меч за Наполи во победата против СПАЛ и беше еден од најдобрите на теренот. Македонскиот репрезентативец имаше и една асистенција за погодок, а во текот на сите 90 минути го имаше речиси на сите делови од теренот.

Со својата пожртвуваност и желба да се докаже, Елмас дефинитивно го заслужи местото да биде стартер во тимот на Наполи. Против СПАЛ, Елмас ги одигра сите 90 минути во кои претрча вкупно 12.664 метри. Овие малку повеќе од 12,5 км на Елмас се најмногу од сите играчи кои беа дел од 28-мото коло во Серија А.

Во следното коло Наполи гостува кај Аталанта, а Елмас сигурно ќе добие место во стартниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести