29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Никола Јокиќ го делат 46 асистенции од подвиг кој го направиле само двајца во историјата на НБА

Никола Јокиќ е најзаслужен што Денвер е на првото место во Западната конференција и вечерва на гостувањето кај Хјустон може да ја обезбеди челната позиција пред стартот на плејофот. Во преостанатите четири меча, Јокиќ ќе има мисија да оствари 46 асистенции за да стигне до едно неверојатно остварување.

Српскиот центар во моментов има просек од 24,9 поени, 11,9 скока и 9,9 асистенции по меч сезонава и доколку во последните четири средби успее да има 46 асистенции, на крајот од сезоната ќе заврши со просек од трипл-дабл.

Низ историјата на НБА, досега само двајца кошаркари успеале да имаат просек од трипл-дабл на крајот од регуларниот дел. Тоа им успеало само на Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Денвер до крајот на сезоната освен против Хјустон ќе игра и против Феникс, Јута и Сакраменто. Јокиќ е во борба да стигне до третото признание за МВП на регуларниот ред, а најголеми конкуренти му се Џоел Ембед и Јанис Адетокумбо.

- Оглас -

Најнови вести