Никола Јокиќ го доживеа најголемото понижување откако е во НБА лигата (Видео)

Екипата на Денвер нагетс предводена од Никола Јокиќ на свој терен доживеа дебакл, откако загуби со 103:142 од Њујорк никс. Пред мечот, навивачите на Денвер очекуваа дека нивниот тим може да продолжи со серијата победи, но им се случи потоп и израмнување на најтешкиот рекорд на домашен терен од 39 разлика, поставен во 1998 година кога загубија со исто толку поени од Чикаго булс.

Првата четвртина не навестуваше дека може да се случи историски пораз затоа што Девер дури и водеше по првите 12 минути со 29:27. Сепак, потоа се случи катастрофа, Њујорк ја доби втората четвртина со 15 разлика, потоа со 12 разлика ја доби третата четвртина и на крајот во последната четвртина беше подобар за 14 разлика.

Единствен кој беше расположен кај Денвер беше Јокиќ кој беше прв стрелец на мечот со 38 поени, а додаде и осум скока и пет асистенции. И покрај овие бројки, Србинот го доживеа најголемото понижување и најтешкиот пораз откако е во НБА лигата.

Малерот за Денвер да биде поголем, Џемал Мареј го повреди скочниот зглоб откако пред крајот на првото полувреме тој лошо нагази на ногата на Јокиќ и мораше со помош на соиграчите да биде испратен во соблекувалната. По заминувањето на Мареј од теренот, екипата на Денвер како да не постоеше на теренот.

НБА вечерта го одбележа и враќањето на Џејсон Татум на теренот. Ѕвездата на Бостон точно 298 денови беше повреден (ахилова тетива) и се предвидуваше дека за него сезоната ќе биде завршена. Сепак, Татум се врати на теренот и тоа во меч на кој Бостон со 120:110 го победи Далас. Татум на теренот помина 27 минути и постигна 15 поени.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во НБА лигата: Шарлот – Мајами 120:128, Хјустон – Портланд 106:99, Феникс – Њу Орлеанс 118:116, Сан Антонио – ЛА клиперс 116:112 и ЛА лејкерс – Индијана 128:117.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести