Никола Јокиќ го напушта Денвер и се сели во Лос Анџелес?

Никола Јокиќ би можелo да го напушти Денвер нагетс откако сопственикот на клубот, Џош Кренке, даде изненадувачки искрени изјави за иднината на српската ѕвезда. Според него, клубот ќе му понуди максимален тригодишен договор вреден 212 милиони долари, но не е сигурен дали Јокиќ ќе го прифати.

„Ќе му понудиме што можеме, но не знам дали ќе потпише“, рече Кренке.

Јокиќ, кој е еден од најдобрите играчи во НБА, не е задоволен од изгледот и потенцијалот на сегашниот тим на Денвер. Финансиските ограничувања и веќе потпишаните договори прават тешкотии за клубот да изгради конкурентен тим околу него.

Според Кренке, Јокиќ мора да одлучи што е најдобро за него и за неговото семејство, што уште повеќе ги разгоре шпекулациите дека може да го напушти клубот следното лето.

Навивачите на Лос Анџелес лејкерс веќе сонуваат за тандемот Јокиќ – Дончиќ бидејќи двајцата се блиски пријатели. Се шпекулира дека Јокиќ би сакал да игра токму во Градот на ангелите, потенцијално создавајќи моќно трио со Леброн Џејмс, освен ако тој не се повлече.

- Оглас -

Најнови вести