Никола Јокиќ и со рекорд на кариерата не успеа да го спаси Денвер од пораз кај најслабата екипа во НБА (Видео)

Најслабата екипа во НБА лигата, Вашингтон, конечно после 16 порази успеа да победи и тоа на домашен терен против поранешниот шампион Денвер со 122-113. На овој натпревар, Никола Јокиќ постигна 56 поени, што е речиси половина од вкупниот учинок на Денвер, но и тоа не беше доволно за победа.

Ова е рекорд на кариерата за Србинот, а досегашниот беше 50 поени против Сакраменто. Воедно ова е втор најдобар учинок во историјата на Денвер, а рекордот од 73 поени на еден меч е од далечната 1978-ма година.

Никола Јокиќ со овие 56 поени стана вториот најдобар стрелец во историјата на Денвер со 14.704 поени.

Резултати:

Њу Орлеанс – Оклахома 109-119
Вашингтон – Денвер 122-113
Њујорк – Детроит 111-120
Торонто – Далас 118-125
Бостон – Мемфис 121-127
Мајами – Филаделфија 121-111

- Оглас -

Најнови вести