25.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Никола Јокиќ плачеше од среќа во моментите кога неговиот коњ победи на трка во Суботица (Видео)

Во неделата на северот од Србија, односно во градот Суботица, се одржа една од најпрестижни коњички трки, а победата ја однесе коњот на Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар не можеше да ги сокрие солзите, па плачеше од среќа откако неговиот коњ убедливо победи.

„Одамна имам кажано, сите мои големи победи и порази ги доживеав тука, во овој спорт. Сите луѓе кои се занимаваат со овој спорт се мои пријатели, мои семејни пријатели, сите поминуваме низ истото. Ние сме тука од хоби, ова ни е повод за дружење, забава и уживање во животот. Мора да му се заблагодарам и на ветеринарот, кој веќе три години доаѓа тука да ни помогне. Тука се и Немања и Милош, без кои не би можеле да функционираме. Исто така, мојот татко Бранислав, како и чичко ми Слободан, кои се заслужни за организацијата, а јас и колегата сме тука за да направиме компликации. Ова за нас е голем успех, најголемите успеси и неуспеси ги доживеав во овој спорт“, рече Никола Јокиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести