Никола Јокиќ, најдобриот центар во НБА-лигата за изминатата сезона, се појави во реклама за грицки и не кажа ниту збор. Најдобриот момент од рекламата е фотографијата на Јокиќ на неговиот пасош, на која не личи на себе, па мораше да ги „пумпа“ образите за контролорката да го препознае.
Инаку самиот кошаркар од порано откри дека како помал имал вишок килограми, но откако пораснал и почнал да тренира, ја стопил и дебелината.