Никола Секулов го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2027 година.
Фудбалерот кој е роден пред 22 години во италијанскиот град Пјаченца има родители од Македонија, поточно од Струмица, но пред неколку години реши да игра за италијанската репрезентација, иако настапуваше за Македонија до 17-годишна возраст.
Тој е рекордер во У-23 тимот на Јуве со 94 настапи. Во Јувентус е од 2016 година.
Во јануари Секулов се врати од позајмицата во Кремонезе, а на 30 март во Рим против Лацио го имаше дебито за првиот тим на Старата дама, одигра 11 минути.