6.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Никола Серафимов испишува историја во Левски

Македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов со два гола на три меча во дресот на Левски се покажува како опасно напаѓачко оружје на Сините од Софија, иако главната работа му е да игра одбрана и да спречува голови на противниците.

Кога ќе постигне гол, секако, ниту тренерскиот штаб, ниту неговите соиграчи, ниту навивачите нема да му се лутат, напротив.

Никола со тоа што на своите први три официјални натпревари за Левски постигна два гола (по еден во првенството и Купот), го изедначи клупскиот рекорд на еден дефанзивец по број на голови на првите три меча. Серафимов уште не е стабилен стартер, често е резерва, но речиси максимално ги користи шансите што ги добива.

 

- Оглас -

Најнови вести