Челзи направи значаен чекор во трката за пласман во Лигата на шампионите откако славеше со 1-0 против Евертон на „Стемфорд бриџ“. Сега тимот на Енцо Мареска се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 60 освоени бода, колку што има и Нотингем Форест, но со еден одигран натпревар помалку.
Николас Џексон беше херој на Челзи на овој меч. Тој го постигна победничкиот погодок во 27-та минута од дуелот.
Евертон по овој пораз се наоѓа на 13-то место со 38 освоени бода.