Николато: Загубивме од подобар тим, Македонија има одлични фудбалери

Фудбалската репрезентација на Македонија ја победи Летонија со 0-3. Летонскиот селектор Паоло Николато не може да биде задоволен од резултатот, но вели дека неговата селекција загуби од подобар тим.

„Секако дека нема задоволство ако загубите дома со 0-3. Но, Македонија е одличен тим, имате навистина квалитетни фудбалери како Елиф Елмас, Енис Барди. Денеска имаше и многу други расположени играчи. Ние ќе се обидеме да се рехабилитираме и да одиграме подобро на следните натпревари“, изјави селекторот на Летонија, Паоло Николато.

- Оглас -

Најнови вести