Николиќ го објави списокот за Тампере – Македонија со 12-мина познати Спартанци и две нови имиња патува на ЕП

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Душко Николиќ, го објави конечниот список од 14-мина играчи што ќе настапат на Европското првенство од 1 до 19 септември.

Домаќини на ЕП ќе бидат четири земји, Финска, Полска, Чешка и Естонија, а Македонија во првата фаза ќе игра во Тампере. Во нашата група се домаќинот Финска, Холандија, Русија, Шпанија и Турција.

Во однос на настапот на претходниот шампионат во Словенија, на кој Македонија дебитираше на Европските првенства, има само две измени.

Од стандардните одбојкари, и на ова ЕП ќе играат капитенот Никола Ѓорѓиев, потоа и Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Васе Михаилов, Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Дарко Ангеловски и Филип Николовски.

Двете нови имиња се Лука Костиќ и Филип Савовски, кои ќе дебитираат на ЕП. Според распоредот, на 1 септември ќе играме со Финска, два дена подоцна против Холандија, на петти септември со Турција, следниот ден противник ќе ни биде Шпанија, а завршниот меч во фазата по групи ни е против Русија на 8 септември.

Четирите најдобропласирани селекции од сите групи ќе играат во нокаут-фазата.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести