Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Драган Николиќ беше задоволен по победата на Цибона, но потенцираше дека сега треба да се чекаат добри вести утревечер од Подгорица, каде Будуќност треба да слави против Борац Чачак.
„Нема да се задржувам на тоа како што вие новинарите сакате да анализирате и како се вративме. Игравме против гигант на кого му посакувам многу среќа. Се навикнав на ваква атмосфера, салата беше полна и покрај периодот на празниците. На прво место му ја посветувам победата на мојот татко, кој е починат. Исто така победата ја посветувам на Васко Атанасов кој има роденден, но и на останатите мои соработници за сработеното, за сето она што го направија. Тие се голема иднина не само на МЗТ Скопје, туку и на македонската кошарка. Не зависиме од себе, нашата судбина е во други раце“, рече Николиќ по победата над Цибона.