Николов: Ги респектираме сите, не се плашиме од никого

Бобан Николов и оваа генерација репрезентативци на Македонија го кренаа квалитетот, но и очекувањата на симпатизерите на фудбалот, пред сè со добри игри и резултати, но и со односот на теренот и надвор од него.

Членот на златната генерација младинци која прва го проби мразот со настап на големо натпреварување вели дека и А селекцијата може рамноправно да бие битка со сите и дека очекува успешен настап против Полска и Австрија во квалификациските мечеви за настап на ЕП 2020 година.

„Сè зависи од нас и од нашата игра. Респектираме секого, но не се плашиме од никого. Нема да чекаме лош ден на ривалите бидејќи сè зависи од нас. Ако одиграме како што знаеме и како што игравме досега, имаме шанси и против Полска и со Австрија. Имавме проблеми со повреди на играчите, но и тие сакаат да играат. Тоа покажува со каква мотивација играме за Македонија“, изјави Николов.

Во петок нè чека тежок дуел со првиот фаворит во групата, Полска, предводен од Левандовски, Милик, Пјонтек, Зјелински… и уште дузина познати и многу квалитетни фудбалери, а потоа ни доаѓа и незгодната селекција на Австрија на 10-ти јуни.

- Оглас -

Најнови вести