Тројца македонски интернационалци имаа успешен настап во Конференциската лига. Бобан Николов и Дамјан Шишковски со магичен пресврт во последните десеттина минути дојдоа до победата против ЛАСК Линц од 2-1. Гостите имаа водство од 0-1, но Борац Бања Лука со голови во 82-рата и 89-тата минута дојдоа до комплетен пресврт и се искачија на позиција која носи место во разигрувањето.
Вистинска голеада имаше на мечот помеѓу Цеље и Јагелонија, на кој екипата на нашиот Дарко Чурлинов успеа да остане непоразена и да одигра 3-3 на гости во Словенија, иако имаше предност се до 80-тата минута.
Најголемиот фаворит за освојување на Конференциската лига, Челзи, забележа рутинска победа на гостувањето кај Хајденхајм со 0-2. Нкунку во 51-вата и Мудрик во 86-тата беа стрелци за „сините“ од Лондон, за победа со која остануваат максимални после четири кола во третото по ранг европско клупско натпреварување.
Резултати:
Астана – Гимараеш 1-1
Борац БЛ – ЛАСК 2-1
Цеље – Јагелонија 3-3
Серкл Бриж – Хартс 2-0
Динамо Минск – Копенхаген 1-2
Хајденхајм – Челзи 0-2
Молде – АПОЕЛ 0-1
Ноа – Викингур 0-0
Панатинаикос – ХЈК 1-0
Ст. Гален – ТСЦ 2-2
ТНС – Ѓургарден 0-1