Бобан Николов мораше да го истакне своето незадоволство што натпреварот се играше во лоши услови, но и покрај тоа Македонија успеа да го оствари зацртаното и да триумфира против Гибралтар.
„Искрено не знам како дозволуваат да се игра на ваков терен. Неквалитетна вештачка трева, надополнета со силе ветер, навистина лоши услови за игра. Сепак, нема да барам алиби бидејќи ги освоивме бодовите по кои дојдовме, а тоа е најважно“, истакна Николов, па ги пофали дебитантите:
„Им честитам на Илиев, Серафимов и Тодоровски кои дебитираа со победа во националниот дрес. Можеби имаа трема, но имаат поддршка од сите нас бидејќи во иднина ќе бидат носители на оваа селекција“, заврши стрелецот на вториот погодок.