Бобан Николов го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, откако вчеравечер во последните мигови од средбата меѓу Шахтари Шериф Тираспољ.
Нашиот репрезентативец ги постави конечните 1:1, а по крајот на натпреварот даде и изјава со неговото видување за сето тоа што се случи во оваа група, но, и на овој натпревар.
„Покажавме дека сме зрел тим и не се плашиме од никој и заслужено ќе играме наредната пролет во Лигата на Европа.
Среќен сум за мојот тим и резултатот кој го оствари, без разлика на тоа кој ќе го постигнеше голот.
Игравме навистина добро во второто полувреме и не воопшто не се приметуваше на теренот дека тие беа Шахтар и го имаат еден од најталентираните млади тренери, Роберто Де Зерби кој е како Гвардиола.
Ја ‘затворивме’ Лигата на шампионите како што посакуваме, направивме добра импресија во групата и покажавме дека не е случајна победата над Реал Мадрид“ изјави Николов по крајот на средбата.
Шериф на крајот заврши со седум освоени бода и во февруари ќе игра во елиминациите од Европа лигата.