8.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Николов: Се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри

По пауза од осум години, Бобан Николов повторно е дел од Вардар. Некогашниот репрезентативец има одлични спомени од времето кога играше за Вардар, а верува дека и оваа сезона на крајот ќе ја заврши со нови трофеи.

„Чувството е прекрасно пак да се биде во Вардар. Условите се одлични за работа и драго ми е што се враќам. Се враќам со една цел, сите ја знаеме, тоа е двојната круна. Се надевам дека ќе ја исполниме, најважно е да сме сите здрави и да одиме чекор по чекор. Во минатото ме поврзуваа повеќе пати со Вардар и со мое враќање. Секогаш сакав да се вратам во Вардар, но некогаш околностите и клубовите не ми дозволуваа. Било пишано сега да се вратам, се враќам со отворено срце да помогнам и да бидеме најдобри. Се наоѓаме на првото место на табелата, но тоа не смее да не залажува. Лигата е квалитетна, мора да сме максимални и сериозни на секој меч, исто како да играме од нула бодови. Имаме еден поен плус од Струга, шест од Шкендија. Не смееме од сега да размислуваме на титулата затоа што ќе биде тешко на секој натпревар. Но, мора да ја паметиме и нашата цел и да играме со таков пристап на сите натпревари, а тоа е Вардар да биде шампион на Македонија повторно“, вели искусниот Николов, кој има и 48 настапи за македонската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести