Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов, по три години пауза ѝ се врати на турската кошарка. Плејмејкерот потпиша едногодишен договор со Коњаспор откако ја заврши успешната авантура со МЗТ Скопје.
Николов ги напушти редовите на актуелниот македонски првак, и со реноме на двократен шампион и освојувач на македонскиот Куп, се врати во Турција.
Николов како младинец кариерата ја почна во Галатасарај, играше уште за Беледијеспор, Трабзонспор, како и Сокар Петким.
https://twitter.com/konyasporbasket/status/1546902405060730887