Николов влезе во завршницата, Жута остана на клупа, па Лече загуби во првиот плејоф меч против Венеција

Лече загуби на гостувањето кај Венеција со 1-0 во првиот полуфинален меч од плејофот во Серија Б.

Македонските интернационалци Бобан Николов и Леонард Жута мечот го почнаа како резерви гостите на клупата, па само нашиот играч за врска доби шанса да настапи за гостите и ги одигра последните петнаесетина минути од мечот.

Победата за Венеција ја донесе Форте во 47-та минута, па сега Лече за три дена ќе мора да брка минимална негатива во финишот доколку сака да се најде во финалето од разигрувањата и пласманот во италијанската елита.

Претходно денес Читадела освари убедлив триумф од 3-0 во првото полуфинале против Монца.

- Оглас -

Најнови вести