Никс го доби градското дерби, на мечот падна тројка каква одамна не се видена во „Медисон Сквер гарден“ (Видео)

Њујорк никс беше подобар од соседот Бруклин нетс со 105-93 во првиот меч од НБА лигата кој се одигра вечерва. Прв стрелец на мечот беше Данте Ди Винченцо од Никс со 31 поен.

Домашните победија, но потегот на мечот во ова градско дерби го имаше гостинскиот играч Мајкал Бриџис кој во последната секунда од првото полувреме погоди од три четвртини од теренот. Одамна не се памети тројка во „Медисон Сквер Гарден“ од ваква далечина, па има шеги дека тројката на Бриџис била постигната со шут од бруклинскиот мост.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1771600476263391391

- Оглас -

Најнови вести