Нишикори лесно до 400-та победа во кариерата

Кеј Нишикори со лесна победа над Стив Џонсон со 3-0 во сетови (6-4, 6-3, 6-2) се пласираше во осминафиналето на Вимблдон. Јапонецот воедно оствари јубилеј, ја запиша вкупно 400-тата победа во својата кариера.

Нишикори само на стартот од мечот се мачеше против Американецот, а со двата одземени сервиси направи пресврт во гемови и поведе со 1-0. Потоа сè беше полесно, со по два брејка во следните два сета триуфмот беше лесно обезбеден.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1147477079757336577

Во исто време и Сем Кереј се пласираше во следната фаза откако го совлада Џон Милман по три сета. Во женска конкуренција славеше и Петра Квитова со 2-0 во сетови над Магда Линете, а со идентичен резултат се радуваше и Суарес Наваро против Лорен Дејвис.

- Оглас -

Најнови вести