Ништо добро не се добива со пристрасно обложување

Стартот на спортските сезони е шанса за обложувачите да остварат полесна заработка така што се обложуваат на своите фаворити со верба дека ќе погодат кој ќе биде шампион.

За еден навивач на Вашингтон визардс, пристрасното обложување не се покажа во добро светло, по што остана без 10.000 долари. Тој се обложил дека Визардс ќе ја освојат титулата во НБА во актуелната сезона, иако екипата го нема потребниот квалитет да биде меѓу кандидатите. Потенцијална добивка од пет милиони долари му била гарантирана на обложувачот доколку Вашингтон стигне до титулата.

Меѓутоа, шансите за Визардс да бидат шампиони речиси да не постојат, со оглед на тоа дека екипата се наоѓа на претпоследното 14-то место во Источната конференција по одиграни една третина од натпреварите во регуларниот дел од сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести