Ништо не е невозможно и чудно во 2020 година, Герет Бејл даде гол (Видео)

Герет Бејл се покажа како златна резерва на Жозе Мурињо на дуелот со Брајтон. Велшанецот влезе во игра во 70-тата минута при 1-1 и само малку над три минути (200 секунди) подоцна даде гол за водство и победа на Петлите кои со новите три бода се искачија на второто место во Премиер лигата.

За Бејл, кој е повратник во англиската лига, ова е прв гол во Премиер лигата по седум и пол години (од мај 2013), а прв гол постигнат со глава по осум години. Бејл на грбот има дрес со бројот 9 и во манир на врвен напаѓач ја смести топката во голот по нафрлувањето на Регилон.

Ова е 43-тиот гол на Бејл во Премиер лигата:

https://twitter.com/i/status/1323004464828174343

- Оглас -

Најнови вести