Почетокот на средбата Алмерија – Рајо Валјекано кој е закажан за во 14 часот, е терминот до кој може да типувате на паровите од 8-мото коло на популарната и бесплатна Спортска прогноза. Нема уште многу време, ако не сте се вклучиле, тргнете во акција.
Сè што ви треба е да имате СЛ картичка од Sport Life и добра стратегија како да се стигне до максималните 13 погодоци. Со 13 погодоци бирате дали сакате да добиете Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет или X Box Series X.
Sport Life и Спорт Манија ги наградуваат и утките, па за промашени два пара се добива ваучер од 500 денари, а за една утка, наградата е ваучер од 1.000 денари.
Меѓу 13-те парови во основната понуда, има неколку дерби-натпревари, а според процентите, мнозинството учесници во осмото коло на Спортска прогноза, благо ги фаворизира Милан против Јувентус, и Арсенал против Ливерпул, но ниту половината не типувале кецови.
Најголем фаворит е Лестер против Борнмут, 75 отсто од прогнозерите типувале победа на Лисиците. Уште поголем е процентот на играчи кои типувале победа на Баерн над Борусија Дортмунд, но тој меч е резервен, и се брои само за генерален пласман.