Снимките и фотографиите од местото на несреќата во која загина фудбалерот на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота, покажуваат дека Ламборџинито во кое биле тој и брат му е целосно уништено, откако претходно било изгорено.
За жал, кога службите пристигнале на местото на настанот, било предоцна и можеле само да констатираат смрт.
Неофицијално, околу 40 минути по полноќ автомобилот се движел пребрзо, му пукнала гума, ја изгубил контролата, потоа излетал од патот, се запалил и изгорел до темел.
Ужасната вест го потресе светот, а според шпанските медиуми телата на браќата фудбалери биле целосно изгорени во пожарот. Жртвите биле идентификувани откако биле прегледани регистарските таблички на автомобилот.