Ништо ново: Халанд заби и постави нов рекорд, Дортмунд победи (видео)

Борусија Дортмунд се реваншираше на Вердер Бреме за елиминацијата во Купот на Германија, па славеа со удобни 2-0 во првенствениот дуел од 23-тото коло. На листата стрелци повторно се запиша Халанд, продолжувајќи ја неверојатната голгетерска низа откако го облече жолтиот дрес. Воедно Халанд постави нов рекорд во Бундеслигата, тој е првиот играч кој постигнал 9 гола во првите шест меча.

Милионерите до предност стигнаа во воведните минути од второто полувреме, погоди Загаду за 1-0, па Халанд во 66-тата минута го постави конечниот резултат. Дортмунд по овој меч повторно е на втората позиција со 45 бода, исто колку што има и Лајпциг, но Црвените бикови допрва треба да го одиграат мечот со Шалке.

https://twitter.com/DirectScore1/status/1231250572415832065

Останати резултати од 23-тото коло во Бундеслигата:

Херта Берлин 0-5 Келн, Фрајбург 0-2 Фортуна Дизелдорф, Менхенгладбах 1-1 Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести