Женската фудбалска репрезентација на Македонија го доживеа и третиот пораз на исто толку натпревари во Сегментот Ц на Лигата на нациите. Нашите фудбалерки и вторпат загубија од Косово во ова натпреварување, па без ниту еден бод се последни во групата, без шанси за подобар пласман.
По домашните порази од Косово (0-4) и Летонија (1-2), нашите фудбалерки загубија и во Приштина, овојпат со 3-0. Избраничките на Александар Андов имаа сили само едно полувреме, откако првиот дел во Косово заврши без голови, 0-0, но домашните фудбалерки трипати ја погодуваа гредата од нашиот гол.
Калтрина Биќкај погодуваше во 50-тата и 66-тата минута, а третиот гол за Косово беше дело на Ерелета Мемети во 85-тата минута.
Во нашата група во водство се Летонија и Косово со по шест бода, а Македонија е последна без бодови. До крајот на Лигата на нациите за нашата репрезентација останува уште еден натпревар, против Летонија на гостински терен на 30 мај.