Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го доживеа и четвртиот пораз на исто толку натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2025-тата.
Подобар противник од нашите кошаркарки беше селекцијата на Португалија, која од Скопје си заминува со победа од 43-76. Македонија се што успеа да направи на овој натпревар беше да израмни на 4-4, откако противникот имаше почетни 0-4. До крајот на натпреварот гостинките доминираа и сосема заслужено победија.
Анџелика Митрашиновиќ со 16 поени беше најефикасна во нашите редови.