Ништо ново од младите: Македонија убедливо поразена и од Италија (Видео)

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го доживеа и шесттиот пораз во седмиот квалификациски меч. Нашите млади фудбалери загубија со убедливи 4-0 на гостувањето кај Италија во Емполи.

За разлика од првиот меч во Битола, кога Италијанците со играч помалку славеа со минимални 0-1, резултатот во Емполи е далеку поубедлив во корист на противник.

Италија го отвори резултатот уште во четвртата минута и тоа преку ѕвездата на Фиорентина, Чер Ндур. Голот на Италија за 1-0 може да го погледнете ТУКА.

Домаќините со оваа минимална предност заминаа на паузата, но во вториот дел следуваа уште три гола во нашата мрежа.

Лука Липани во 49-тата минута зголеми на 2-0, а само една минута подоцна веќе беше и 3-0 за Италија со голот на Џеф Екатор.

Конечните 4-0 ги постави Сејду Фини во 86-тата минута од пенал.

Нашите млади фудбалери со овој пораз остануваат на петтата позиција во групата со само три бода, единствено пред селекцијата на Ерменија, која воедно е и наш следен противник во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести