Возачот на Ред Бул и актуелен шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, дојде и до третата победа оваа сезона на четвртата трка, откако без поголеми проблеми победи на ГН на Јапонија, која утринава се возеше на легендарната патека Сузука.
Ферстапен имаше водство од почетокот до крајот и не дозволи неговата победа да биде загрозена, а второто место го освои неговиот клупски колега Серхио Перес, со што само ја потврдија доминацијата на Ред Бул.
Подиумот го комплетираше возачот на Ферари, Карлос Сајнц, кој трката ја заврши пред својот клупски колега Чарлс Леклер. Бодови освоија и Норис, Алонсо, Расел, Пиастри, Хамилтон и Цунода.
Трката започна хаотично, откако уште во првиот круг се случи голем инцидент помеѓу Рикиардо и Албон, по што двајцата со голема брзина удрија во заштитната ограда. Трката веднаш беше прекината, бидејќи возачите не ги напуштија болидите после судирот, па се чекаше информација дали се во ред. Откако двајцата потврдија се е во ред со нив, започна отстранувањето на нивните болиди, па нов старт, но овој пат од пит-стопот и со безбедносно возило напред.
The incident between Ricciardo and Albon pic.twitter.com/66eEnJllLi
— F1 TROLL (@f1trollofficial) April 7, 2024
https://twitter.com/Gabriel_JesusBR/status/1776840951056552006?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1776840951056552006%7Ctwgr%5Ef8b0bea0cb61808c595fa30d8c6c5f0830cb96fc%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Fauto-moto%2Fdaniel-ricciardo-alex-albon-formula-1-suzuka-start-sudar%2F472148