Ништо ново во Ф1: Хамилтон прв стартува во Франција

Актуелниот формула 1 шампион, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција. Британскиот возач беше незадржлив во квалификациите и имаше време од 1:28:319 минута. Зад него се пласираше клупскиот совизач Валтери Ботас кој заостана за 0,286 секунди, додека од третата позиција ќе стартува Леклер, Ферстапен, .

Некогашниот првак и возал на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува дури од седмата позиција.

Трката во Франција е осма трка сезонава, Хамилтон трет пат стартува од пол позицијата, а Британецот кој е водечки во шампионатот ќе атакува на шесата победа во овој шампионат.

За Хамилтон ова е вкупно 86-ти пат да биде најбрз во квалификациите, а дури 60 пол позиции ги направи во тимот на Мерцедес.

https://twitter.com/F1/status/1142432975025520641

- Оглас -

Најнови вести