Кавани официјално го продолжи договорот со Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед објави дека го продолжил договорот со Единсон Кавани и за следната сезона. За уругвајскиот напаѓач се шпекулираше дека е пред трансфер во аргентинскиот гигант Бока јуниорс, но сега е јасно дека останува на „Олд Трафорд“ до летото 2022 година.

„Сезонава развив голема приврзаност кон клубот и сето тоа кое тој го претставува. Соиграчите и луѓето од клубот ми даваат дополнителна мотивација и знам дека заедно може да постигнеме големи нешта. Од прв момент почувствував дека менаџерот верува во мене и сакам да му се заблагодарам. Уште не сум играл пред фановите на „Олд Трафорд“ и тоа е нешто што одвај го чекам“, изјави Кавани.

Кавани, кој има 34 години, сезонава даде 15 гола. Оле Гунар Солскјер е среќен што Кавани останува во неговиот тим.

„Единсон ни носи енергија, моќ и лидерство. Знаеме каков стрелец е, има победнички менталитет. Тој е еден од последните кои го напуштаат теренот за тренинг и со професионализмот е пример за помладите.

- Оглас -

Најнови вести