Кристијано Роналдо, најголемата ѕвезда на Јувентус, ќе добие одмор и нема да игра на утрешниот двобој против Калјари, најавуваат медиумите во Италија. Португалецот нема да игра на мечот кој е без никакво значење за „Старата дама” и со тоа ќе ја загуби шансата да се бори со Чиро Имобиле за титулата прв стрелец во Серија А и во Европа.
Јуве ја освои деветтата титула по ред во Италија, но им остана ангажманот и во ЛШ, па тренерот Маурицио Сари одлучи да го одмори Португалецот. Дуелот со Олимпик Лион на 7 авгус, кога дома ќе бркаат негатива од 0-1, е далеку поважен за Јуве и нема потреба да се ризикува со 35-годишниот голгетер на неважни мечеви како овој утрешниот во Сардинија.