Новак Ѓоковиќ го предаде мечот против Александер Зверев во полуфиналето на првиот грнслем-турнир сезонава, Отвореното првенство на Австралија. Во првото полуфиналето се одигра само првиот сет, кој по голема борба, Зверев го доби со 7:6. Потоа Ѓоковиќ не можејќи да ги истрпи болките, реши да го предаде мечот.
Српскиот тенисер не тренираше во последните два дена пред полуфиналето и постојано имаше дилеми дали ќе може да издржи на теренот. Десеткратниот освојувач на турнирот во Мелбурн се обиде, одигра еден сет на високо ниво, но едноставно реши дека нема да има сили да го држи тоа темпо подолг период и се откажа.
🤯 @alexzverev claims an extraordinary first set – and ultimately the match.
Having battled through the set, @djokernole has been forced to retire due to injury.@wwos • @espn • @eurosport • @wowowtennis • #AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/uH2iiLJaVC
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025
Очигледно дека повредата која ја доживеа на мечот против Карлос Алкарас во четвртфиналето, едноставно беше посериозна и не можеше да се надева на ново финале на турнирот на којшто е апсолутен рекордер.
Not how we wanted your campaign to end, @djokernole.
Thank you for another wonderful Australian summer. Well played and best wishes for a speedy recovery.#AO2025 pic.twitter.com/d5VJ6YNBeN
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 24, 2025