Откако во саботата ги реши со гол и убава асистенција, во Наполи му фрлија око на Дејан Кулушевски, кој официјално е член на Аталанта, но игра за Парма. Швеѓанецот со македонско потекло кој има 19 години сезонава е едно од откритијата во Серија А и има 4 гола и шест асистенции.
Најголем интерес за Кулушевски има од Интер, кој сака да го купи уште во јануари за 35 милиони евра, но иако во Парма тврдат дека Дејан останува кај нив и го советуваат дека не треба да чита што се пишува за него, сепак големи се шансите Кулушевски следниот месец да ја промени клупската средина.
И англиски клубови се интересираат за него, но сега Интер добива конкуренција и од италијанскиот ривал Наполи. Кулушевски ја гледа шансата на животот да направи трансфер во поголем клуб и има привилегија да бира меѓу неколкуте понуди.