Ништо од Италија, Ибрахимовиќ се враќа во Премиер лигата!?

Откако поминаа сите најавени рокови за трансфер во Милан, па и во некој од италијанските тимови, сега се шпекулира дека фаворит за неговиот потпис станува премиерлигашот Евертон.

Англиските медиуми најавуваат дека Ибрахимовиќ не можел да се договори со Милан за висината на платата, Наполи пропаднал откако се разделија со тренерот Анчелоти, па сега Карамелите сакаат да ја искористат ситуацијата. Швеѓанецот сака да докаже дека уште не му е време за во пензија, а клучот за негов трансфер во Евертон е кај тренерот Анчелоти и агентот Мино Рајола.

Ибрахимовиќ најавуваше враќање во Италија во некој клуб кој сака да го врати на славните патеки, но Рајола сега тврди дека никој не кажал дека Златан ќе игра во италијански тим. Од премиерлигашите, Манчестер јунајтед беше опција, но се повлече од идејата, па Евертон делува како најреална опција во моментов.

Но со Ибра никогаш не се знае однапред, можни се секакви пресврти.

- Оглас -

Најнови вести