Ништо од новиот стадион, дербито Тотенхем – Арсенал на „Вембли“

Средбата помеѓу Тотенхем и Арсенал од Премиер лигата, закажана за втори март, нема да се игра на новиот „Вајт харт лејн“ бидејќи уште не е готов, туку на славниот „Вембли“, каде што „петлите“ веќе втора сезона ги пречекуваат своите гости.

Ривалите од северниот дел на Лондон требаше да играат на новиот стадион, кој би се отворил со едно вакво дерби, но постојано се одложува отворањето на стадионот со 62.962 седишта, кое требаше да биде уште во септември, но уште се прават реконструкции во системите за безбедност (не се направени тестирања на системите за аларм во случај на пожар).

Иако е можно работите да завршат во текот на март, дербито со Арсенал на втори март ќе се игра на „Вембли“. Наредниот меч потоа е на 17-ти март, против Кристал палас, но датумот може да биде и поместен бидејќи Палас тој викенд треба да игра четвртфинале на ФА купот.

- Оглас -

Најнови вести