Ништо од отказ – Инѕаги ја има најчудната клаузула во фудбалот

Иако доби отказ од екипата на Бреша, Филипо Инѕаги ќе остане нивен тренер, поради најчудната клаузула во фудбалот.

Имено, раководството на овој тим, односно претседателот Масимо Челино му врачи отказ на некогашниот напаѓач на Милан по ремито од 0:0 против Козенца, Инѕаги во моментов останува тренер на тимот.

Стратегот и Бреша имаат склучено договор во кој стои дека тој не смее да биде отпуштен доколку екипата биде во најдобрите осум екипи во Серија Б, а Бреша во моментов е третопласирана.

Доколку Челино не го посакува Инѕаги на клупата, ќе треба да плати обесштетување, во спротивно ќе биде тужен на суд.

Не е јасна ваквата одлука на челникот на Бреша, која во моментов е третопласирана со 39 бода и има само два помалку од лидерот Лече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести