Ништо од пензијата, Лазаров ќе игра уште една сезона!

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, по велигденската победа над Швајцарија во Скопје, соопшти прекрасни вести. Иако најавуваше пензија по крајот на сезоната, Лазаров и Нант се договориле да го продолжат договорот на уште една сезона, во која можеби ќе игра со помала минутажа.

„Се чека официјална потврда од клубот, но ние се договоривме да соработуваме уште една сезона во која улогата ќе ми ја намали минутажата. Таков беше планот и за оваа сезона, но очигледно ситуацијата со ковид-пандемијата  промени сè, а јас не сакав да се простам пред празни трибини по една убава остварена кариера. Не инсистирав само јас, туку и клубот сакаше да продолжиме уште една сезона со соработката“, истакна Лазаров.

Македонскиот бомбардер финишот на следната сезона ќе го дочека на 41 година, а во меѓувреме ќе може да си ги подобри рекордите во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести