Кевин Дурант повторно блескаше и со 29 поени ги предводеше Соединетите Американски Држави до златниот медал, четврти по ред на Олимписките игри.
Дрим-тимот на САД славеше во финалето против Франција со 87:82 и им се реваншираше за поразот во првото коло во фазата по групи кога Триколорите славеа со 83:76.
Франција почна подобро во финалето и поведе со 12:6, но Дурант беше незадржлив и го предводеше топ-фаворитот до ново злато. Популарниот Дурантула постигна 29 поени, еден помалку од учинокот што го имаше во претходните две финалиња на Олимписките игри, па ова му е трето злато со САД.
Џејсон Тејтум имаше учинок од 19 поени, а кај поразениот состав прв стрелец беше Руди Гобер со 16 поени, колку што имаше и Еван Фурние. Франција по третпат на ЛОИ го освојува сребрениот медал, а беа подобри само во последниот период што го добија со 19:16.
Во финишот на мечот со доближија на 85:82, но немаа сили за подвиг и за реприза на успехот од првото коло кога славеа против истиот ривал со 7 поени разлика.
https://www.youtube.com/watch?v=sjV-gR6FD5Y
Во меч за бронзата од 13 часот ќе играат Словенија и Австралија.