Галатасарај го победи Трабзонспор со 4-2 во супер-меч од турската суперлига, а во гостинскиот состав повторно го немаше Енис Барди.
Барди заедно со Мислав Оршиќ, Стефано Денвсил и Умут Бозок пред нешто повеќе од еден месец беа „оддалечени“ од тимот, не им се дозволува да играат. Деновиве по турските медиуми се шпекулираше дека Барди ќе биде „помилуван“ од тренерот Шенол Ѓунеш и дека македонскиот капитен ќе игра на дербито со Галатасарај, но се покажа дека тоа не е вистина.
Трабзонспор планира да го продаде Барди уште во јануарскиот преоден рок, но не по секоја цена. Клубот веќе одбил понуди за Барди од Русија, Саудиска Арабија и Хатајспор за кои мислат дека не биле задоволителни.