Британскиот медиум „Скај спорт“ тврди дека трансферот на Виктор Осимен од Наполи во Ал-Ахли од Саудиска Арабија е завршена работа. Клубот од Неапол ќе добие „само“ 80 милиони евра, плус дополнителни бонуси, што е далеку од сумата која ја бараше Аурелио де Лаурентис, а која изнесуваше 130 милиони евра.
Осимен со Ал-Ахли ќе потпише четиригодишен договор, според кој ќе заработува по 40 милиони евра по сезона. Желбата на фудбалерот беше да остане во Европа, во игра беа екипите на Челзи и ПСЖ, но ниту едната, а ниту другата не можеа да ги задоволат високите финансиски барања на Наполи и фудбалерот.